Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како се финансира руската агресија врз Украина? За што земјите од ЕУ платија на Русија 65 милијарди евра овие четири месеци?

Како се финансира руската агресија врз Украина? За што земјите од ЕУ платија на Русија 65 милијарди евра овие четири месеци?

Кога ќе се видат официјални бројки за тоа колку платиле Германија, Полска, Холандија, Франција, другите членки и Велика Британија за увоз на нафта и гас од Русија секој ќе си го постави прашањето: Дали ЕУ ја финансира  руската воена агресија врз Украина??? Или, на пример, како од една страна Полска испраќа оружје и платеници (некои ги викаат и доброволци н.з.) за борба против Русите, а истовремено платила 2,6 милијарди евра да купи нафта и гас од Русија? Може ли ЕУ да го запре увозот на фосилни горива од Русија?

Речиси 65 милијарди евра платиле земјите-членки на Европската унија на Русија за нафта, гас и јаглен кои што ги купиле во период од 110 дена и тоа од 24 февруари (почетокот на руската агресија) па до 13 јуни годинава. Ова се официјални податоци кои се достапни на веб страницата на угледниот аналитички центар (популарно познати како тинк-тенк -ови) Истражувачки центар за енергија и чист воздух CREA ( Center for Research on Energy and Clean Air) со седиште во Хелсинки, Финска.

Официјалните податоци кои ги објaви оваа невладина организација многу јасно укажуваат на зависноста на многу земји од Европската Унија од руските фосилни енергенси нафта и природен гас.

Официјалните бројки се поразителни и покажуваат дека земјите од Европската унија просечно секој ден за купување нафта и гас од Русија плаќале по 590 милиони евра! Само да потсетиме дека истовремено со купувањето на руски енергенси овие држави први воведоа санкции кон Русија и силно и недвојбено ја осудија руската воена инвазија врз Украина.

Тинк-тенк организацијата објави и податоци за тоа колку одделни држави „најголеми муштерии“ на Русија платиле за фосилни горива во периодот од 24 февруари до 10 април.

На првото место на листата на топ-купувачи на руски фосилни горива не е Кина, најголемата светска економија. Германија платила 6,13 милијари евра за овие 45 дена за да набави руски нафта и гас. Следна на листата е Кина со 5,87 милијарди евра, а трета е Италија со 3,7 милијарди евра. Следи Турција  со 3,68 милијарди евра и во големата петорка е и Холандија (пред да добие суспензија од Русија н.з.) со платени 3,6 милијарди евра.

Бројчаникот го имате на следниот линк https://energyandcleanair.org/financing-putins-war/

Р.Ф.

Фото: EPA/ANATOLY MALTSEV

Слично

Поврзани вести