Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како се движеа продажните цени на индустриските производи во мај?

Како се движеа продажните цени на индустриските производи во мај?

Во месец мај годинава пораснале продажните цени на индустриските производи.

Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар во мај биле повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 0,5 проценти на годишно ниво.

Ова денеска го објави Државниот завод за статистика. Споредбено со април, продажните цени се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 и интермедијарни производи, освен енергија за еден процент, а во групата капитални производи се на исто ниво.

Во однос на мај лани продажните цени се повисоки во групите капитални производиза 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти, енергија за 1,6 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 проценти.

Слично

Поврзани вести