Како резултат на струен удар 20 мртви на карневалот во Хаити
Најмалку 20 луѓе загинале кога далновод се срушил и паднал на бродот кој учествувал на карневалот во престолнината на Хаити.
Сведоците од самото место наведуваат дека некој од бродот пробал со стап да го помести кабелот од далноводот за да можат да поминат поред него, пренесува Ап.
Од струјниот удар кој потоа селедел, загинале најмалку 20 луѓе, додека 46 од нив се повредени, изјавила кординаторката од министерството за цивилна жаштита на Хаити Надија Локард.
До несреќата дошло во текот на карневалот кој секоја година е во центарот на Рорт-О-Пренса, а на кој учестуваат илјадници луѓе. Бродот на кој се нашле жртвите го спонзорирала локалната хип хоп група „Барикад Кру“.
Слично
