Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како „Реплек“ направи профит од 850.000 евра

Како „Реплек“ направи профит од 850.000 евра

Акционерите на „Реплек“ имаат „основано сомнение“ и годинава да очекуваат пристоен износ на диведна на нивните банкарски сметки од акциите на „Реплек“. Компанијата за пола година има добивка од 850.000 евра, а особено е значајно тоа што расте во континуитет приходот од продажба на домашниот пазар и во странство

Скопски „Реплек“, компанија позната по трговија во фармаветски производи и медицинска опрема, за првите шест месеци годинава направи профит од 850.000 евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи достапни на СЕИ НЕТ сервисот на Македонската берза за хартии од вредност. Акционерите на „Реплек“ ќе ги зарадува фактот што компанијата, од консолидираниот биланс, годинава имала раст на приходите во однос на истиот период минатата година, и тоа на домашниот пазар и на странски пазари. Добивката на компанија е за 10 отсто пониска од истиот период лани, но тоа е резулатат на состојбата со залихите.

Консолидираниот биланс покажува дека „Реплек“ за првото полугодие има 7,86 милиони евра приходи од продажба и тие во споредба со истиот период лани се повисоки за 300.000 евра односно за 4 отсто. На домашниот пазар продажбата пораснала за 7 отсто во споредба со истиот период лани и достигнала 3,44 милиони евра, а извозот стигнал до 4,42 милиони евра и е поголем за 2 отсто.

Оперативните расходи на компанијата за овој период се поголеми за 147.000 евра и достигнале 6,85 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата е 946.000 евра, а нето добивката на „Реплек“ изнесува 850.000 евра и во споредба со истиот период лани е пониска за 10 отсто.

Од билансот на состојба се гледа дека „Реплек“ на полугодие има благо зголемени обврски за 10 отсто. Тие се изнесуваат 6,46 милиони евра. Од тоа речиси 6 милиони евра се тековни обврски на компанијата, а најголем удел во нив имаат обврските спреман добавувачите кои изнесуваат 3,77 милиони евра и се речиси непроменети во однос на истиот период лани. Обврските за краткорочни кредити имаат раст од 45 отсто и на крајот на јуни изнесуваат 1,33 милиони евра.

„Реплек“ е посакувана акција кај инвеститорската заедница. Компанијата редовни дели пристојни или солидни износи на дивиденда. За последниве две години исплати речиси 4 милиони евра дивиденда на своите акционери. Од 2016 година до 2018 година исплати 200 евра по дивиденда на акција. 


Р.Ф.

Слично

Поврзани вести