Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО РЕКА: Над половина милион имигранти веќе поминале низ Грција

КАКО РЕКА: Над половина милион имигранти веќе поминале низ Грција

Повеќе од половина милион имигранти пристигнале по море во Грција во оваа година и соочено со студеното време темпото се покачува. Само во понеделникот во земјата пристигнале над 8.000 лица, соопшти ОН.

Мелиса Флеминг, портпаролка на Високиот комесаријат за бегалци, изјавила дека на транзитните премини на островите и на турскиот брег има 27 500 луѓе.

„Сведоци сме на уште подраматичен момент со доаѓањето во понеделникот на повеќе од 8.000 луѓе, со што вкупниот број на имигрантите во оваа година е 502 000. Очигледно знаевме дека тоа се поставува, но регистриравме врв на пристигнувања во Грција“, објасни таа на специјален брифинг.

„Исклучително важно е тука, како и насекаде во Европа, да има адекватни услови за сместување. Без елементарни составни елементи програмата за поместување на бегалците, договорена од ЕУ во септември, е сериозно загрозена и може да пропадне“.

Од Грција имигрантите продолжуваат да се движат како река од луѓе преку Балканот, но сето тоа запира на границата помеѓу Србија, Хрватска и Унгарија. Во петокот Словенија наложи дневен лимит од 2.500 луѓе, кои ќе ги пропушти, а илјадници останале во калта и студот во ничија земја. Во вторникот Љубљана соопшти дека ја вклучува армијата во помош на пограничната полиција и повика за поддршка од партнерите во ЕУ.

Слично

Поврзани вести