Како реагираат политичарите после вчерашните објавени разговори на Заев
Третата „бомба“ што ја објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, а која се однесуваше пред се на апсењето на Љубе Бошковски, веднаш по парламентарни избори во 2011 година кај политичарите и поранешни функционери предизвика пред се разочараност и загриженост .
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/02/21/grozomorni-telefonski-shepotena-politsiski-shefovi-i-mediumski-tajkuni/" target="blank" ]Грозоморни телефонски шепотења, полициски шефови и медиумски тајкуни![/button]
Од презентираните разговори, во кои, според лидерот на опозицијата се гласовите на директорот на УБК, Сашо Мијалков, уредникот на телевизијата „Сител“ и на сопственикот на „Канал 5“, Емил Стојменов, можевме да слушнеме вулгарности и јасно изразена намера за медиумско и притворско изживување врз Бошковски.
Пратеникот Павле Трајанов, лидер на владејачкиот Демократски сојуз,за Дојче веле не крие дека е згрозен од тоа што го чул и најавува дека ќе бара одговорност.
„Згрозен сум од тоа што го слушнавме. Овие снимки ја покажаа длабочината на хипокризијата во медиумите и власта. Само темелна, независна, јавна и транспарентна истрага може да биде основа за враќање на човечките вредности и доблести. Јавно соопштувам дека барам одговорност од сите актери во оваа нечиста и валкана политика, која ја девалвира државата и ја втурна во хаос“, вели актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.
Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вели дека е изненаден и згрозен од содржината на разговорите што ги презентираше лидерот на СДСМ. Неговото име се спомнува во разговорот, што според Заев, го воделе директорот на УБК, Сашо Мијалков и сопственикот на ТВ Канал 5, Емил Стојменов. Според разговорот, Мијалков неколку дена претходно на Стојменов му најавил дека „од понеделник почнува да апси“. Стојменов потврдува дека му е ќеф што е уапсен Бошковски, но според наводниот разговор, оди и чекор понатаму: „Знаеш што уште ќеф да ми направиш? Тој Љубчо да го уапсиш!“
Според Георгиевски, ваквите разговори сведочат за срамна спрега меѓу власта и медиумите.
Ѓорѓи Марјановиќ, еден од најреспектираните професори на Правниот факлутет на УКИМ храбро и јавно проговорил.
„Грозно! Па институциите воопшто не функционирале! Останав без зборови! Мојот идеал Македонија да стане пристојно место на живеење, се претвори во својата карикатура“, констатира пензионираниот професор по кривично право. „Цел живот се залагав Македонија во вистинската смисла на зборот да стане ПРАВНА ДРЖАВА, затоа што само ако навистина изградевме држава во која правото ќе важеше за секого, правните институции ќе беа далеку од какво било влијание на политиката и ќе ја поставевме цврстата основа на мојот, и на идеалот на секој чесен граѓанин: Македонија- пристојно место за живеење! Ако законите важеа подеднакво за сите, сигурно денес не ќе бевме сведоци на ваков криминал, а затворите не ќе беа преполни со невини луѓе, додека нарачателите за нивните 'злодела' и натаму се во длабоки фотелји“, коментира професорот.
Додека пак од страна на власта се'уште има молк по најновите објавени содржини.
