Како простуваат хороскопските знаци?
Секој од нас е злопамтило до некоја мерка. Некои од нас ги простуваат навредите, или провокациите полесно од другите, некои тешко простуваат, додека други се подготвени да им простат на сите – било да ја доживеале навредата од драга личност или од некоја сосема неважна.
Овен
Вие сте голем лутко и не ви треба многу за да се налутите и да се почувствувате навредени, или прозвани. Многу често влегувате во конфликти и затоа е најдобро другите да избегнуваат провокации кога сте вие во прашање, особено ако ви е погодена суетата – вие сте фолем егоист и веднаш завземате борбен став. Но, ако навредата ја доживеете од драга личност, истиот момент ќе се „изладите“ и ќе простите. Совет – поработете на тоа во некои ситуации да не пламнете, бидејќи не се луѓето виновни што сте толкав егоист и сметате дека сте нападнати во секоја ситуација.
Бик
Вие сте големо злопамтило. Подготвени сте да простите, но никогаш не заборавате. Слаба точка ви е семејството, домот и гордоста, па ако тука ве погодат вие сте вистински разлутен Бик. Многу сте своеглави и тешко правите компромиси, па воглавно другите вам ви простуваат. И ако некому простите, тоа ќе биде на вам исклучително важни личности, родителите и пријателите. Тоа е убаво, но сепак и другите луѓе заслужуваат да им се даде шанса.
Близнаци
Не сте така едноставни како што се чини на прв поглед. Ако почувствувате дека не ве почитуваат во мерка во која тоа го заслужувате, ќе се оддалечите од тие луѓе и ќе ја сведете комуникацијата со нив на минимум. Иако не сте осветољубиви, астрологијата на вашиот знак говори дека станувате сурово практични кон оние кои сакаат да ги осуеатат вашите планови. Некои тоа го сметаат за користољубие и дволичност, а вие ќе се смешкате, иако во себе чувствувате бес.
Слично
