Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како евентуални предвремени избори ќе се одразат врз македонската економија?

Како евентуални предвремени избори ќе се одразат врз македонската економија?
Есенски или пролетни предвреемни парламентарни избори? Аналитичарите лицитираат со можниот термин за нов изборен мегдан – предвремени во пакет со претседателски или нешто порано од нив? Владеачката ВМРО-ДПМНЕ во континуитет потсетува на владините успеси, но и навести дека односите со владеачкиот партнер ДУИ се влошени. Албанскиот политички фактор на власт, ДУИ пак се изјасни дека не сака предвремено мерење на политичките сили. Економистите и бизнис заедницата се подготвуваата за нова, можна “економско-политичка неизвесност“. Експертите сметаат дека евентуалните предвремени парламентарни избори би имале негативен ефект врз вкупната бизнис клима. “Ефектите од предвремени избори врз економијата би биле лоши. Првенствено, затоа што парламентарни избори почнавме да имаме многу често и со тоа испраќаме неповолен сигнал до странските инвеститори, за кои пак постојано зборуваме. Дури и истата партија да формира Влада, странците тоа го перцепираат како многу брза промена, што и реално е така во ресорите кадешто министрите бргу се менуваат и континуитетот на нивната работа не е осигуран“ - оценува економскиот аналитичар Марјан Петрески. Нови избори значат нова економска неизвесност, оценуваат бизнисмените. “Во моменти на избори се спроведува економски популизам. Тоа е план, стратегија на секоја владеачка гарнитура и ние како бизнис-заедница не можеме да влијаеме на тоа. Изборите за нас значат губење на време, исчекувања и намалување на економските текови, генерлано секои избори значат и економско-политичка нестабилност“ – вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. Што се случува во изборниот шпиц? По правило, наместо решение за реалните проблеми, изборите носат нов бран на популизам кој треба да регрутира гласачко тело. Изборите значат трошоци, оценуваат економистите. Непосредно пред предвремените парламентарни избори во 2011 та година, Владата повлече дел од кредитот што го одобри ММФ во вкупна вредност од 420 милиони евра. За време на Локалните избори 2013 та година, само за првиот квартал беа потрошени 186 милиони евра од буџетскиот дефицит, што претставува скоро две третини од планираниот дефицит за годинава. Токму изборните трошења, според економистите сега се увертира за можен ребаланс на буџетот. Три месеци порано од законскиот рок, а во екот на изборната кампања на тутунарите, овоштарите и лозарите им беа исплатени субвенции во вредност од 50 милиони евра. Субвенции добија и сточарите, поледелците и градинарите. Додека земјоделците задоволни ја дочекаа предвремената исплата на субвенциите, економистите во овие потези препознаваат популистички политики. “Многу поважно е што политичките партии забораваат на реформите во време на избори, се фокусираат на кампањите и продаваат популистички политики, како зголемување на пензии и на социјални надоместоци, кои после тоа мораме некако да ги крпиме. Потсетете се дека во првиот квартал годинава (локални избори) имаме голем буџетски дефицит, па сега до крајот на годината ке мора многу да стегаме или да мислиме како ќе ја затвориме непланираната буџетска дупка. И последно, ако владата тврди дека економијата зема некаков залет, тогаш не ми е јасно зошто би ја прокоцкала таа прилика сега?“ - објаснува Петрески. Не само субвенциите, туку и ветувањата за нови вработувања се дел од изборна кампања. Владеачките партии на невработените – им ветуваат нови работни места, на бизнисот подобра бизнис клима. “За време на предвремените парламентарни избори во 2011 та година сите политички партии оставрија средба со нас. Тогаш ние како бизнисмени доставивме ноклку барања кои подоцна се преточија во закони. И да има избори, најважна е сепак економската стабилност и стабилноста на легислативата, а во моментов ние имаме чести промени на законите што не можат да се следат“ - вели Бошков. Во 2011 та година Македонија гласаше на предвремени парламентарни избори. Годинава се одржаа локални избори. Во 2014 та, на пролет треба да се спроведат претседателски избори, а веќе се шпекулира дека во пакет со нив би се оддржале и предвремени парламентарни избори. Д.А.
Слично

Поврзани вести