Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ПОМИНА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2022 ГОДИНА - исклучително лошо, тврдат ММФ и Светска банка

КАКО ПОМИНА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2022 ГОДИНА - исклучително лошо, тврдат ММФ и Светска банка

Според анализите на Светска банка, ММФ и ОЕЦД, 2022 година се покажа исклучително лоша за руската економија. Нешто повеќе од 10 месеци постојано трошење ресурси за конфликтот со Украина, одмаздата на меѓународната заедница и досега 9 пакети санкции го направија својот данок врз руската економија. БДП опаѓа, инфлацијата расте, надворешнотрговската размена трпи се потешки удари, пазарот на капитал е руиниран, буџетот има дефицит...

Според проценките на Светска банка, ММФ и ОЕЦД, рускиот БДП во најдобар случај ќе се намали за 3 до 4 отсто, а во најлош за 4 до 5 отсто, што е многу помалку од прогнозите летово, каде што се шпекулираше дека економијата би паднала за повеќе од 8 отсто.

Во истата анализа беше посочено дека руската економија ќе продолжи да се намалува и во 2023 година, а БДП на Русија се очекува да падне меѓу 2 до 3 и 5 до ,6 отсто.

Бидејќи увозот и извозот на одредени стоки беа цел на сите санкции на ЕУ против Русија, оваа гранка на економијата е под дополнителен напад во споредба со другите.

Бројките презентирани во анализата покажуваат дека трговијата годинава е исклучително погодена. Според проценките на институциите, извозот ќе продолжи да опаѓа, а се очекува раст на увозот.

Од друга страна, ако ги погледнеме бројките поврзани со инфлацијата, проценките покажуваат дека стапката на инфлација во декември ќе биде околу 14 проценти и дека таа бројка ќе падне во 2023 година на околу 6,3 проценти.

Можеби најголемиот удар годинава го доживеа рускиот пазар на капитал, кој годинава забележа пад од околу 30 отсто. Ваквиот пад на вредноста на акциите го поддржа и повеќедневната суспензија на Московската берза во март годинава.

Буџетскиот дефицит на Русија може да биде поголем од планираните 2 отсто од БДП во 2023 година, бидејќи плафонот на цената на нафтата ги намалува приходите од рускиот извоз. Ова го изјави министерот за финансии Антон Силуанов, пренесува Ројтерс.

САД минатата недела рекоа дека ограничувањата на цената на нивните сурови и рафинирани производи би можеле да го намалат производството на нафта за 5-7 отсто на почетокот на следната година, но без разлика колку се длабоки намалувањата, Силуанов вети дека обврските за трошење ќе бидат исполнети, користејќи ја можноста за задолжување а фондот на државата по потреба.

Рубљата

Што се однесува до рубљата, девизниот курс падна на околу 70 рубљи за долар во декември, што е најниско ниво од април оваа година, бидејќи падот на извозот поттикна построга контрола на капиталот во земјата.

Западните санкции доведоа до голем пад на руската побарувачка за странски валути, а како одговор на тоа монетарните власти поставија големи провизии и негативни каматни стапки на валутите од земјите кои се сметаа за непријателски, така што оригиналниот девизен пазар за сопствениците на рубљата веќе не постои.

Интересно е што, на пример, невработеноста, според официјалните податоци на руското Министерство, ако им се верува, паднала на околу 3,7 отсто.

(Извор: Блиц.рс, Европски совет, Ројтерс, WSJ, Blic Biznis, Trading Economics)

Слично

Поврзани вести