Како полесно до работа и до подобра позиција во фирмата?
Покрај знаењето стекнато низ формалниот образовен процес, неопходно е понатамошно надоградување на тоа знаење, како во текот на образованието, така и подоцна во текот на кариерата на секој човек.
Стекнатите знаења и вештини од посетуваните курсеви, обуки и школи им се потребни, не само на оние кои бараат работа, туку и на веќе вработените. Учењето и усовршувањето е процес кој се одвива во текот на целиот живот. Секоја новостекната вештина или знаење е можност за напредок во кариерата, за поголем професионал успех, но и услов да се опстане и да се успее во современиот свет, во кој што секојдневно се развиваат и унапредуваат техниката, технологијата и научните знаења.
Креирање на идни менаџерски кадри кои ќе стекнат знаења за даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководствени настани, е главната цел на предавачите на Нова Консалтинг, инаку докажани извршни директори и овластени ревизори.
Од Нова Консалтинг велат дека е многу значајна потребата од практична едукација и усовршување на финанските работници како услов за успешна интеграција во бизнис заедницата. Денес да се поседуваат пошироки знаења и вештини од една област не претставува само амбиција, туку и потреба која ја наметнува пазарот на труд.
„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да бидат или се наоѓаат на менаџерска позиција во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Покрај тоа, оваа проблематика секако ги засега најмногу и оние кои се стремат кон даночните консултанти бидејќи на обуката добиваат практична примена на сите закони поврзани со оваа област. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ.
Тилиќ е овластен ревизор и основач на Нова Консалтинг и Едукација. Своето знаење и стекнато искуство како финансов директор и надворешен консултант на многу реномирани домашни и странски компании, го пренесува преку обуките кои ги држи веќе 19 години.
Повеќе за обуките може да се информирате ТУКА.
Преку тренинг центарот на Нова Консалтинг и Едукација повеќе од 2.000 амбициозни индивидуалци досега се обучиле и се подготвиле да размислуваат менаџерски и самите да умеат да ги препознаат или детектираат можностите или заканите кои и претстојат на сопствената или компанијата за која работат.
Учесници: Учесникот треба да поседува работното искуство и знаење во областа на сметководство или финасии (тестирање заради утврдување на степенот на стручни познавања), или посетено обука: Практично водење на сметководство и примена на даночно законодавство основен курс.
Временска рамка:
Вкупно траење на обуката: 50 часа настава и 20 часа работа на проекти.
Термин: сабота, настава од 10.00 до 15.00 часот (8 дена) и 20 часа работа на проекти дома.

Слично