КАКО ПАДНА ПРВИОТ ПРИТВОР: Хронологија на „Тврдина“
„Тврдина“ е наречен предметот кој вчера го обелодени Специјалното јавно обвинителство, а во кој се истражува незаконско уништување на опрема за прислушкување во УБК чија вредност изнесувала 10 милиони евра. Специјалните обвинители излегоа со точни датуми кога почнале активностите на осомничените, кога ја уништиле опремата и како се обиделе да ги сокријат трагите. Осомничени се Началникот на Петта управа на МВР Горан Грујевски, уште две раководни лица во МВР, архиварка, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. СЈО тврди дека поседува голем број на материјални докази, како и изјави на сведоци. Ако се докаже вината, на осомничените им се закануваат казни затвор од 5 до 20 години. „Тврдина“ е симбол за нешто што тешко се освојува. Јанева и нејзиниот тим ја почнаа акцијата за завземање на „тврдината“. Следува хронолошки приказ на сите активности кои ги презеле осомничените од МВР, кои вчера ги обелодени портпаролката на СЈО Ленче Ристовска.
11.03. 2015 Горан Грујевски – Началник на Петта управа во МВР му издал усна наредба на второосомничениот Началник на Одделот за координација на УБК да формира Комисија за попис, ништење и бришење на стара опрема во УБК
16.03. 2015 Второосомничениот доставил барање до Секторот за правни работи и човечки ресурси во МВР да се утврди технолошка застареност на опремата
17.03. 2015 Секторот за правни работи и човечки ресурси работи му го враќа барањето на второосомничениот за да го допрецизира
18.03. – 22.03. Горан Грујевски доаѓа лично во Секторот за правни работи и ги известува дека тоа е желба на министерката Јанкулоска и дека пописот треба да се изврши
23.03. 2015 Третосоомничената, министерката Јанкулоска, го потпишува решението и ја формира Комисијата
26.03. 2015 Се врши попис на опремата
27.03.2015 Го исклучуваат системот од употреба
28.03. 2015 Се товара опремата и се носи во фирма за отпад, каде се присутни првиот, вториот и четвртиот осомничениот, кој е Началник во една единица на Одделот за оперативна техника во МВР
03.04.2015 До овој датум таму стоела уништената опрема, а отпадот бил набљудуван од лица од УБК. Опремата ја носат во втор отпад, каде повторно ја уништуваат и ја враќаат во првиот отпад
28.05.2015 Доставен е извештај за уништување на опремата до министерката Јанкулоска и директорот на УНК Мијалков. Второосомничениот од Одделот за финансии на МВР бара да биде отпишана уништената опрема од УБК
2016
Првосомничениот со цел да ги прикрие незаконитостите при уништување на опремата од петтосомничената архиварка во УБК бара да стави лажни датуми на документите за уништување (наместо 2015 година, да бидат заведени со датуми од 2014 година)
Се изготвува фалсификат службен документ (извештај) со лажна содржина и лажни датуми и се доставува до второосомничениот
08.03.2016 Во УБК има состанок меѓу раководството на УБК и обвинители од СЈО
Заменик на првоосомничениот на увид на обвинителите ги доставил лаѓните и фалсификувани документи и ги прикажал како вистинити. На состанокот присутен е и актуелниот директор на УБК Љупчо Андоновски
30.03.2016 Распит на првоосомничениот Горан Грујевски и определување мерка притвор од 30 дена
М.Ј
08.03.2016 Во УБК има состанок меѓу раководството на УБК и обвинители од СЈО
Заменик на првоосомничениот на увид на обвинителите ги доставил лаѓните и фалсификувани документи и ги прикажал како вистинити. На состанокот присутен е и актуелниот директор на УБК Љупчо Андоновски
30.03.2016 Распит на првоосомничениот Горан Грујевски и определување мерка притвор од 30 дена
М.Ј
Слично
