Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ОПЕК си објави војна сама на себе?

Како ОПЕК си објави војна сама на себе?

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави војна на целиот свет, вклучувајќи се и себе си. Долгоочекуваната средба на нафтениот картел во четвртокот заврши со очекуван од многумина резултат. Целта за производство, на т.н. Производствен плафон , кој и сега не се почитува целосно од членовите останува непроменет.

Како резултат на тоа цените на нафтата пропаднаа - цената на брент падна до 73 долари за барел, а американската сурова нафта поевтини под 70 долари, откако беше прогласена одлуката. Веројатно ќе поминат години пред цените да можат повторно да стигнат до трицифрена сума.

Саудиска Арабија, де факто како лидер на ОПЕК, е во клинч со голем број на други учесници на пазарот на нафта. Сега земјата изгледа е свесна дека Организацијата веќе ја има изгубено контролата над цените на нафтата.

Главен противник на Саудиска Арабија е геополитичкиот конкурент Иран, исто така член на ОПЕК. Пониските цени на нафтата влијаат силно на Иран и ја ограничуваат способноста на земјата да се противи на целите на Ријад во регионалните воени зони, како што е Сирија. Бонус за Саудијците е дека ниските цени на нафтата влијаат и на некои земји надвор од ОПЕК, како што е другиот сериозен конкурент Русија. Рубљата во четвртокот се девалвира во однос на американскиот долар со нови 2,5%.

Саудиска Арабија исто така треба повторно да ја издејствува својата доминантна позиција на пазарот. Во поголемиот дел од изминатата деценија изгледаше дека ОПЕК ја држи целосната контрола над пазарот.

Всушност токму високите цени, особено во последниве години, се израз на неспособноста на ОПЕК да обезбеди соодветен довод на силна побарувачката од страна на новите пазари како Кина. Последицата од тоа е стара колку и самиот пазар на суровини – се правеа обиди за намалување на побарувачката и дополнителен придонес кон пазарот, особено од страна на САД.

Сега Саудиска Арабија треба да се обиде да ја задржи вредноста на резервите, кои се уште се во утробата на земјата. Само докажаните количини се во вредност од 266 милијарди барели. Еден евентуален пад на производството може да ги промени цените на нафтата на краткорочен план. Сепак тој истовремено ќе им обезбеди на производителите од САД стимулации за дополнителен принос и ќе ги охрабри корисниците да покажат воздржаност.

Покрај многу од членовите на ОПЕК и Русија има корист од дисциплината на другите членови и најверојатно ќе продолжи да произведува нафта во неограничени количини. Дури и ако ОПЕК објавеше во четвртокот сериозно намалување на приносот, најверојатно тоа немаше да помогне, бидејќи членовите ретко се придржуваат до договорените квоти.

Сега Саудиска Арабија треба да се обиде да го заштити сопствениот авторитет. За разлика од многу од членовите на ОПЕК, земјата ги користи добрите времиња, за да ги зголеми своите девизни резерви. Во септември тие се во вредност од 745 милијарди долари. Според податоците на Barclays тие се доволни за покривање на увозот за цели 30 месеци.

За обидот да ги држи настрана геополитичките конкуренти, да го охрабри намалувањето на приносот на шкрилци нафта и да возврати на напорите за намалување на побарувачката, Ријад може да се потпре на својата финасиска достапност. Но овие пари и бројните спорови ќе продолжат да тежат на цените на нафтата и нема да ги охрабрат, пишува уште WSJ.

К.К.

Слично

Поврзани вести