Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како „Охридска банка“ направи резултат од соништата?

Како „Охридска банка“ направи резултат од соништата?

Малите акционери во „Охридска банка“ имаат големи очекувања. И со право, една од најголемите пет банки во земјава за првите девет месеци има фантастичен раст на добивката која е 2,5 пати поголема од лани и изнесува 8,65 милиони евра и тоа во услови кога се пониски нето приходите од камати во споредба со лани

„Охридска банка“ за првите девет месеци годинава има добивка од 8,65 милиони евра и тој резултат е за два и пол пати подобар од истиот период лани кога добивката изнесувала 3,39 милиони евра. Добивката за годинава во споредба со истиот период лани е поголема за 5,25 милиони евра и тоа во најголема мерка е резултат на резервациите кои се стопени во споредба со истите лани.

Банката за првите девет месеци од камати остварила нето приходи од 14,19 милиони евра и тоа е резултат што е за околу четврт милион евра послаб од лани. Но тоа е компенизано со нето приходите од провизии и надоместоци. Тие годинава во споредба со лани пораснале за речиси половина милион евра. Годинава изнесуваат 3,79 милиони евра, а лани биле 3,3 милиони евра. 

Значаен став банката остварила кај останатите приходи кои годинава за првите девет месеци надминале вредност од 1,8 милиони евра, а лани биле 0,95 милиони евра.

Клучниот адитив за добивката на „Охридска банка“ се резервациите за дадените кредити. Тие годинава се 3,78 милиони евра, а лани биле 7,42 милиони евра. Мали зголемувања има кај останатите трошоци, кај расходите за вработени и пресметаната амортизација.  Банката има позитивен биланс и кај ставката загуба заради оштетување и тој плус изнесува 136.000 евра.

Од билансот на состојба е значајно да се истакне тоа што една од петте најголеми банки во земјава го зголемила кредитното портфолио во споредба со крајот на 2017 година за 22,32 милиони евра до износ од 442,76 милиони евра. При тоа депозитната база бележи минимална корекција од 4,1 милиони евра и изнесува околу 430 милиони евра. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести