Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како одлуката на Уставнот суд создаде правна празнина?

Како одлуката на Уставнот суд создаде правна празнина?
Со укинување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, Претседателот на државата ќе може да помилува педофили, дилери на дрога, осомничени и осудени за изборен криминал и злосторници против човештвото. Особено „спорен“ е членот 11 кој со одлуката на Уставниот суд повторно е вратен во сила. А, тој гласи: Закон за помилување   Член 11 Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано. Постапката за помилување може да се поведе по службена должност во секој стадиум на кривичната постапка. Тоа значи дека некое лице може да биде помилувано од Претседателот уште во предистражна постапка, додека се уште е само осомничено. Кој ќе го советува Претседателот? Со одлуката на Уставниот суд се создаде и правна празнина, оти се укина и Комисијата за помилување, која беше формирана согласно законските измени од 2009 година. Улогата на Комисијата беше да ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и да дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност. Сега веќе нема кој да го советува Претседателот кој да биде помилуван. Најверојатно, Законот за помилување повторно ќе оди на доработка, за да се пополнат „дупките“ кои ги направи последната одлука на Уставниот суд. Ова се членовите на Комисијата за помилување, кои се укинати заедно со законските измени. Меѓу нив е и Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски. Членови на Комисијата за помилување Претседател  Василка Јурукоска проф. д-р Никола Јанкуловски Марко Зврлевски Благородна Дулиќ Бекир Исени проф. д-р Методија Каневчев Љупка Арсениевска Стојанче Рибарев проф. д-р Нуман Аруч д-р Воислав Стојановски    
Слично

Поврзани вести