Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како оди попишувањето, ќе каже Османи

Како оди попишувањето, ќе каже Османи

Над 50 илјади граѓани се попишани преку електронската апликација, а како се одвива попишувањето, денеска ќе информира шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Како што соопштија од кабинетот на министерот за надворешни работи, Османи на прес конференција ќе ја информира јавноста за спроведувањето на пописот на неколку категории граѓани, како и за оние од дијаспората.

Имено, на 1 март започна попишувањето на дијаспората, војниците и затворениците

Истовремено започна и попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско конзуларните претставништва и нивните семејства, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

„Процесот на самопопишување се спроведува преку веб-апликација која е многу едноставна и кориснички ориентирана, лесно достапна, што значи дека секој државјанин на Република Северна Македонија во странство ќе може лесно да ја пополни за многу кусо време, а единствениот услов е да се најави со својата е-маил адреса. Апликацијата е наменета исклучиво за самопопишување од странство, што значи пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен“, кажа тогаш директорот Симовски.

Слично

Поврзани вести