Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како одговорија пазарите на шокот од Брегзит?

Како одговорија пазарите на шокот од Брегзит?

Финансиските пазари добро му се спротивставија на шокот кој го предизвика одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги.

„После референдумот, финансиските пазари во еврозоната зголемената неизвесност и волатилност ја пребродија со охрабрувачка отпорност“, рекол Драги на конференцијата за новинари одржана после редовното заседание на ЕЦБ.

Економијата на еврозоната, како што наведува Драги, би можела да добие нова доза на поттикнувања, доколку Брегзит почне да ги загрозува економските перспективи на регионот.

„Во наредните месеци, благодарение на новите информации и проекции на вработените во ЕЦБ, ќе бидеме во подобра ситуација за разгледување на макроекономските услови“, додал Драги.

Минатомесечниот Брегзит го означи клучниот ризик, кој, како што рекол, би можел да ја загрози трговијата помеѓу Британија и Европа.

ЕЦБ денеска ги задржа клучните каматни стапки на рекордно ниско ниво, при што маргиналната каматна стапка, која се наплатува на банките кои позајмуваат средства од ЕЦБ, е оставена на 0,25 отсто, додека каматата на депозитите е задржана на минус 0,40 отсто, изјавил портпаролот на ЕЦБ. Референтната каматна стапка на ЕЦБ останала на нула.

Слично

Поврзани вести