Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како од центар на производството на марихуана да направиш туристичка атракција?

Како од центар на производството на марихуана да направиш туристичка атракција?

Албанското село Лазарат кое доби светска „слава“ како бастион на производството на марихуана во Албанија, станува вистинска туристичка атракција.

Откако полицијата буквално влезе во војна со одгледувачите на марихуана во ова место, кои претходно беа недопирливи, голем број странски туристи сакаат да го видат ова село, познато и како „Република на марихуаната“.

„Групи туристи од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Белгија престојуваат во селото, шетаат низ уличките, се среќаваат и разговараат со негови жители и со полицајци, се фотографираат за да им раскажат на блиските за „легендата“ на марихуаната“, пишува весникот „Шекули“.

Според информациите на овој весник, туристи пристигнуваат со мотори, комби возила и со автомобили, а во следните денови, како што напредува полициската акција, се очекува нивниот број уште повеќе да се зголеми.

Во досегашната дваесетдневна акција во ова село се уништени над 80 тони марихуана и околу 140 илјади стебла и садници со марихуна, како и десеттина килограми семе.

Припадниците на албанската полиција кои учествуваа во акцијата во селото во кое полициски сили немаа пристап две децении, ќе добијат парична награда. Вкупно 800 полицајци ќе добијат награда од две плати, а вкупниот фонд изнесува еден милион долари.

Бандата со седиште во Лазарат се верува дека произведувала околу 900 тони канабис годишно во вредност од околу 4,5 милијарди евра што е приближно половина од БДП на Албанија.

Слично

Поврзани вести