Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО НИШТО ДА НЕ СЕ СЛУЧИЛО: Што направи Чедомир Јовановиќ по демолирање на локал за брза храна

КАКО НИШТО ДА НЕ СЕ СЛУЧИЛО: Што направи Чедомир Јовановиќ по демолирање на локал за брза храна

Утрото откако направи невиден скандал во Нов Белград, кога демолираше ресторан за брза храна, лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ се однесува како ништо да не се случило.

Според досега достапните информации, како што пренесуваат српските медиуми, Јовановиќ по инцидентот во ресторанот за брза храна ги нападнал и полицајците кои дошле да го уапсат.

Сепак, утрото потоа, Јовановиќ објави фотографија на социјалните мрежи, што сугерира дека сè е во ред во неговиот живот и дека немало никаков инцидент.

- 07,40 часот, на пат кон училиште ... никогаш нема да се предадеме - напиша Јовановиќ во објава на Инстаграм, додека на фотографијата е и неговата ќерка.

Да потсетиме, Јовановиќ во своето прво соопштение за медиумите по скандалот изјави дека бил нападнат од навивачи.

- Јас навистина фрлив стол во излогот, бидејќи тие се разбираат само на тој јазик. А, фактот дека оваа чаша е проблем, а не бетонската сала и нивното дивјаштво, не може да помине кај мене. Нека не доаѓаат, да не дојдоа, да не ме нападнеа, немаше ништо да се случи - објасни Јовановиќ.


Слично

Поврзани вести