Како „Нептун“ прави пари од бела техника и апарати за дома
„Нептун“ и лани е кралот на продажбата на бела техника и апарати за во домаќинство на територијата на нашата земја. Лани оваа компанија остварила вкупни приходи кои изнесуваат 56,8 милиони евра и тие во споредба со лани се поголеми за 6 отсто. Оваа компанија држи безмалку половина од целиот пазар што значи дека сама прави приход колку што заедно прават нејзините три конкурентски компании.
Добивката на „Нептун“ лани е 2,78 милиони евра и е двојно повеќе од профитот на најголемиот ривал „Сетек“. „Нептун“ воедно вработува и најмногу лица вкупно 396 вработени. Нивниот број лани е зголемен за 17 лица.
Четирите најголеми ланци за малопродажба за бела техника и апарати за домаќинство заедно минатата година имале промет од 120 милиони евра а продажбата им пораснала за 16,5 отсто споредбено со 2017.
Добивката на „Нептун“ лани е 2,78 милиони евра и е двојно повеќе од профитот на најголемиот ривал „Сетек“. „Нептун“ воедно вработува и најмногу лица вкупно 396 вработени. Нивниот број лани е зголемен за 17 лица.
На третото и четвртото место се „АМЦ“ и „Техномаркет“ со 13,9, односно 10,85 милиони евра.