УЧЕТЕ ОД НИВ: Како најуспешните луѓе во светот, ја нашле нивната прва работа
Да ја работите професијата што ја сакате и која ви овозможува да бидете задоволни ментално и материјално, е резултат на голем труд, работа и упорност.
Ни луѓето кои денес имаат милиони, не стигнеле до врвот со скрстени раце. Некои од нивните приказни можеме да ги користиме за мотивација.
Џон Дејвисон Рокфелер
Еден од најбогатите луѓе во историјата ја нашол својата работа по шестнеделно посетување на многу компании и фирми.
Тој ги посетувал компаниите и барал да се сретни со директорите. Во многу случаи нему вратите му биле затворени, но тоа не го спречило да продолжи да ја бара работата што ја сака.
Во периодот од тие шест недели Рокферел одел во сите компании што ги имал во неговиот список, а откако ќе ги посетел сите почнувал пак од почеток.
На крајот отишол во копманијата "Hewitt and Tuttle", каде имал успешно интрвју и се вработил.
Изреката на Рокферел е „Секој ден работев на работа, барајќи работа".
Доналд Трамп
Неговите родители имаат прилично равиен бизнис со недвижности.
Па, тој уште како мал почнува да се учи да работи. Трамп бил задолжен да ги собира парите од киријата на станарите кои живеат во некој од објектите на татко му.
За татко му работи пет години, а потоа дава отказ и се осамостојува почнувајќи сопствен бизнис.
Опра Винфри
Таа една од најмоќните и највлијателните жени на светот, а успела да се избори за себе си поради нејзината јака желба за успех и амбиција.
Растена е во дисфункционално сиромашно семејство, до нејзината 16-та година кога си заминува од дома и бара подобра иднина.
Во нејзините тинејџерски години случајно наоѓа работа како радио репортер. Денес таа успеа да го оствари својот сон и да има сопствено Talk Show, веб сајт, магазин итн.


