Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како му оди на Пекабеско во првиот квартал за 2018?

Како му оди на Пекабеско во првиот квартал за 2018?

Пекабеско АД Кадино-Илинден го продолжува трендот на раст како на оперативните приходи, продажбата, така и на оперативните расходи, особено трошоците за набавка на трговски. Пекабеско 2017 година ја заврши со раст на приходите од 9,5%, раст на расходите од 11,6%, како и вкупна годишна добивка од 77 милиони денари, но и покрај позитивниот раст забележа пад на профитабилноста.

Во суштина Пекабеско и во првиот квартал од 2018 година ги покажува истите трендови. Вкупните оперативни приходи, од кои најголем дел завземаат приходите од продажба, изнесуваат 964 милиони денари или за околу 23 милиони денари повеќе во однос на првите три месеци од 2017 година. 

Како што наведовме и на почетокот, оперативата на Пакебеско ја следат и зголемени расходи кои за првите три месеци од 2018 година изнесуваат 963 милиони денари или за околу 19 милиони денари повеќе во однос на истиот период лани.

Пекабеско за јануари, февруари и март година потрошил и 2 милиони денари помалку за вработени, односно вкупно 49 милиони денари. Кај оперативните расходи на Пекабеско исто така најголем пораст има кај трошоците за набавка на трговски стоки со вредност од 647 милиони денари или дури 25 милиони денари повеќе во однос на К1 2017 година.

Сепак, компанијата има причини да биде задоволна бидејќи работата носи резултати и Пекабеско првиот квартал од 2018 година го завршува во „плус“, но како што споменавме со намалена профитабилност. Добивката на Пекабеско во К1 годинава изнесува 15 милиони денари или за околу 7 милиони денари помалку од истиот период во 2017 година.

Х.С.

Слично

Поврзани вести