Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како мерките на Трамп ги погодија македонските производители на челик и алуминиум

Како мерките на Трамп ги погодија македонските производители на челик и алуминиум

Европската Унија воведе контрамерки за трговијата со алуминиум и челик откако такви прв воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го ограничи увозот на вакви производи од Кина и од ЕУ, ама ова сега ќе ги погоди и македонските производители.

Според вицепремиерот Бујар Османи од Брсиел стасала формална нота според која од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ. Тоа, според сегашните проценки ќе не чини 100 милиони евра годишно. 

Османи рече дека според пресметките земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Се што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. 

Вицепремиерот рече дека нема да се откажат и да се обидат да ја убедат Европската комисија дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.


Слично

Поврзани вести