Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Германија има план за поттикнување на економијата Тој ќе „тежи“ 130 милијарди евра, со што ќе се ублажи ударот од пандемијата. 

Земјата е во рецесија, а канцеларката Ангела Меркел синоќа најави план за обнова за периодот 2020-2021 година. Два дена претходно имае разговори на оваа тема. 

Меркел истакна дека пакетот мерки претставува „смел одговор“, кој ќе ги поттикне потрошувачката и инвестициите. 

Помошта е за задолжените општини, за времено намалување на ДДВ-то, префрлање на заедничките долгови врз сојузната држава. 

Ќе има и додаток од 300 евра по дете за семејствата или двојно поголема премија за купување електричен автомобил со цел да се поддржи автомобилската индустрија. 

Појавата на коронавирусот влијаеше на сите области, на целокупното население и сите активности што првенствено се засноваа на мобилност во работата, социјални и работни контакти. 

Слично

Поврзани вести