Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како МЕПСО и ЕЛЕМ би го спасиле „Еурокомпозит“?

Како МЕПСО и ЕЛЕМ би го спасиле „Еурокомпозит“?

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата со „Еурокомпозит“ од Прилеп и ја задолжи компанијата да побара позајмица од компаниите во државна сопственост, ЕЛЕМ и МЕПСО од по три милиони денари или вкупно шест милиони денари.

Во исто време, Владата им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем.

Половина од средствата (три милиони денари) се наменети за линеарна исплата на примања за вработените. Околу 30 проценти од средствата ќе бидат наменети за набавка на репроматеријали и на други потребни средства на компанијата. Остатокот од парите ќе се насочат за тековно одржување на „Еурокомпозит“.

На денешната седница, Владата исто така го задолжи заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, во согласност со позитивните законски прописи, во најскоро можно време да најде конечно решение за компанијата Еурокомпозит од Прилеп.


Слично

Поврзани вести