Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како мала европска земја стана светски шампион во производство на автомобили: Словачка произведува милион возила годишно

Како мала европска земја стана светски шампион во производство на автомобили: Словачка произведува милион возила годишно

Мала земја со околу 5,4 милиони жители – Словачка – денес е светски лидер по производство на автомобили по глава на жител, со речиси еден милион произведени возила годишно.

Во огромната фабрика на Kia во близина на градот Жилина, секоја минута од производната лента излегува по едно возило. Во процесот учествуваат 690 роботи, но и илјадници работници кои ги финализираат автомобилите.

Покрај Киа, во Словачка произведуваат и Volkswagen, Stellantis и Jaguar Land Rover, додека Volvo најави фабрика за електрични возила до 2027 година.

Фабриката во Жилина е инвестиција вредна 2,5 милијарди евра и вработува илјадници луѓе. Просечната плата во неа изнесува околу 2.400 евра, што е над националниот просек, но сепак под просекот на Европската унија.

Развојот на автомобилската индустрија започна по падот на комунизмот во 1989 година, кога Volkswagen започна инвестиции во регионот, по што следеа и други светски производители.

Експертите посочуваат дека клучни фактори за успехот се пониските трошоци за работна сила, високата продуктивност и централната географска позиција на земјата во Европа.

Дополнително, Словачка има силна мрежа од околу 360 компании-добавувачи, што ја прави индустријата уште поконкурентна.

Владата нуди и значителни стимулации за инвеститорите, вклучително и даночни олеснувања, што придонесе за економски раст и намалување на невработеноста.

Автомобилската индустрија денес е столб на словачката економија, а успехот на оваа мала земја станува пример како со стратегија, инвестиции и работна сила може да се изгради глобална индустриска сила.

Еуправозато

Слично

Поврзани вести