Како Луксембург стана најбогатата земја во Европа?
Омиленото мото на жителите на Луксембург гласи: "Mir wëlle bleiwe, wat mir sinn". Во превод "Да останеме такви какви што сме". Но всушност едвај има друга европска земја која во минатиот век преживеала толку економски, како и демографски промени, колку Луксембург.
Инаку земјоделската земја првично стана важно место за челичната индустрија. Од 60-те години на 20 век, чекор по чекор, тука се формира една од најголемите финансиски центри во Европа, пишува во својата анализа FAZ.
Бројките говорат сами за себе. Со бруто домашен производ од 66 700 евра по глава на жител Луксембург денес е на чело на листата на богатство на статистичката служба на ЕУ Еуростат.
На второ место со многу голема проред е Австрија (32 300 евра). А локомотивата на еврозоната Германија со(30 800 евра) е на седмото место.
Според Еуростат БДП по глава на жител во Луксембург е 266% од просекот на ЕУ (само лондонското Сити има повисока вредност). Истовремено Еуростат додава дека овој БДП всушност е под влијание позитивно и од вработените во Големото Војводство, но живеат во соседните држави.
Луксембург се промени за многу кратко време. Во последните две децении населението се зголемило за речиси една третина до повеќе од 550 000 жители. Повеќе од 40% од населението се странци. Освен тоа околу 150 000 работни мигранти од соседните држави Германија, Франција и Белгија заземаат повеќе од 40% од работните места во Луксембург.
Банките и фондовите се главен извор на благосостојбата на Луксембург.
Но тие не се сите. Уште во деновите во кои претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој сега е нападнат поради спорните даночни одредби во неговата земја, е вицепремиер и министер за финансии на Луксембург, земјата почнува да бара нови економски столбови. Таа се обидува да биде место за развојот на врвната технологија, но исто така и да се профилира во биомедицината.
Фактот дека компании како интернет трговецот на мало Amazon, се утврдуваат во Луксембург, се поврзуваше и во минатото со даночната атрактивност за бизнис во Големото Војводство, иако степенот на даночните олеснувања не беше однапред познат за пошироката јавност. Тоа се промени откако во 2013 година, Европската комисија, и тоа не само во случајот на Луксембург, започна проверки на склучувани даночни договори ("Tax Rulings").
Уште пред последните откритија, според кои над 300 компании, меѓу кои производителот на безалкохолни пијалоци PepsiCo, осигурителната компанија AIG и германската банка Deutsche Bank, имаат склучено договори со Луксембург, со цел намалување на даноците, земјата се радуваше на угледот на даночен рај. Кој сепак отвори збор за тоа во разговори со претставници на владата и бизнисот во Големото Војводство.
Навистина, не се оспорува дека Луксембург има корист од "црни пари", инвестирани од странци. Своето значење како финансиски центар, сепак земјата го должела најмногу на фактот дека секогаш била во понапред во развојот и примена побрзо од други државни меѓународните закони кои се однесуваат на финансискиот пазар.
Ова важеше со полна сила пред речиси половина век, кога инвестициските фондови влегуваат во Луксембург. Но исто така е точно и денес, кога има се повеќе комплексни, но привлечни, главно за професионалните инвеститори, финансиски производи.
Од 2006 г, обемот на средствата кои се управуваат во над 10 000 фонда во Луксембург, се зголемува од 1,85 трилиони долари до над 3 трилиони долари. Со тоа Луксембург станува втората по големина "татковина" за инвестициски фондови по Америка. Околу 27 000 луѓе работат во секторот на фондовите. Бројот на банките се сведени на 141, од кои 37 се од Германија.
Што ги привлекува фондовите? Пред сè побрзото одобрување што го добиваат, пред да започнат активностите, како и помалиот бирократски надзор. Но и тука даночните аспекти играат сериозна улога. А освен за бизнисот на фондовите, Луксембург е и место за остварување на приватно банкарство за богати клиенти од голем број земји.
Обемот на управуваните тука средства изнесува околу 300 милијарди евра. Банките на градот-држава одржуваат депозити во вредност десеткратно повисока од бруто домашниот производ на земјата.
Од 2015 година Луксембург ќе учествува во автоматската размена на информации помеѓу даночните администрации на земјите од ЕУ, кој ќе ги контролира приходите од камата на штедни сметки. Од 2017 година речиси сите земји членки ќе преминат на автоматска размена на банкарски информации.
Тоа значи дека кога жител на една држава од ЕУ отвара сметка во банка на друга страна од Унијата, даночните власти на државата чиј државјанин е тој, ќе бидат известени автоматски. Покрај тоа ќе се разменуваат информации и за акумулираната камата на банкарските депозити.
Денешниот министер за финансии на Луксембург Пјер Граменј, кој во текот на многу години беше на чело на Стопанската комора на Големото Војводство пред година изјави дека "Луксембург сака да се ослободи од улогата на црна овца и да освои повеќе можности за маневри".
Дали ќе навистина ќе се случи тоа ќе покаже само времето.
K.K.

Слично