Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ЛИ Е КАЈ НАС - ВО СРБИЈА 84 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРОТИВ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, 88 ОТСТО СЕ ПРОТИВ НАТО - тврдата русофилија е на ниво од 25 до 30 отсто

КАКО ЛИ Е КАЈ НАС - ВО СРБИЈА 84 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРОТИВ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, 88 ОТСТО СЕ ПРОТИВ НАТО - тврдата русофилија е на ниво од 25 до 30 отсто

Во новиот број на српскиот весник Недељник е објавено истражување за ставовите на српските граѓани кон санкциите против Русија и евентуалниот влез на Србија во ЕУ и НАТО.

Според истражувањето, дури 84 отсто од испитаниците не го поддржуваат воведувањето санкции против Русија поради војната во Украина. Само 6, 8 отсто од испитаниците поддржуваат санкции, додека 9,2 отсто од нив немаат мислење.

На санкции би се согласиле 18,8 отсто од граѓаните во случај ЕУ да и се закани со санкции на Србија, додека 60 отсто од граѓаните и во тој случај би биле против воведување санкции против Русија. А 21,2 отсто од испитаниците одговориле дека немаат мислење.

25 отсто од испитаниците сметаат дека Србија ќе воведе санкции во наредниот период. 41,6 отсто сметаат дека Србија ќе остане на сегашната неутрална позиција. За ова прашање мислење имаат 33,4 отсто од анкетираните граѓани.

Огромно мнозинство од испитаниците се против влез на Србија во НАТО, 88,1 отсто од нив. Само 4,3 отсто од испитаниците го поддржуваат влезот на земјата во алијансата. Другите немаат став.

„Србите покажаа неверојатна емпатија со руската страна“

„Сите овие домашни политички теми и игри се во длабока сенка на големиот настан на истокот на Европа, кој суштински ја менува планетарната политичка географија. Како реагираше домашното јавно мислење на оваа тектонска геополитичка промена, реагираше спонтано и инстинктивно. покажувајќи речиси неверојатна и безрезервна солидарност и емпатија со руската страна, и тоа до степен што ги запрепасти дури и домашните русофили (веројатно самата Москва) и ги доведе локалните професионални „Европејци“ на работ на хистерија и очај“, коментира Ѓорѓе Вукадиновиќ, главен и одговорен уредник на политичкиот весник Нова Српска, за Недељник смета тој.

Доколку условот за влез во ЕУ е признавање на независноста на Косово, 82,2 отсто од Србите би биле против влез во ЕУ, 8 отсто би се согласиле со тој услов, а 9,8 отсто немаат мислење за тоа прашање.

Слично

Поврзани вести