Како котира фунтата во однос на доларот и еврото?
На пазарот на девизи во Лондон, фунтата денеска се разменуваше за 1,08 евра.
Тоа е еднакво на нивото што беше регистрирано уште пред осум години, во октомври 2009 година, кога британската и европската валута, речиси, се изедначија.
Фунтата падна и во однос на американакиот долар кој се менуваше за 1,28 што е прв пат од почетокот на јуни годинава.
Британската фунта достигна најниска вредност во однос на еврото од 2009 година, откако единствената европска валута, беше значително засилена со добрите економски податоци во ЕУ, за разлика од економијата на Британија која страда од неизвесноста за тоа што ќе донесе Брегзит.
Слабата фунта ги зголемува трошоците на британските туристи кои масовно се на летување во земјите од еврозоната, затоа што за разлика од порано, сега им се поскапи хотелските сметки, храната и патарината.
Евтината британска валута е добра само за британскиот странски туризам затоа што ја прави земјата поатрактивна и поевтина за Европејците, доколку плаќаат во евра, па овозможува поголем прилив на гости и шопинг туристи.
Финансиски експерти проценуваат дека ваквата ситуација со фунтата, која почна по ланскиот референдум за ЕУ, ќе продолжи и понатаму и како сега стојат работите, многу е веројатно дека британската валута и еврото ке се изедначат, во однос 1:1.
Фунтата има многу падови по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ.
