Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како корона кризата десеткратно го зголеми профитот на „Макстил“?

Како корона кризата десеткратно го зголеми профитот на „Макстил“?

Скопската челичарница имаше извонредна година, рекордна добивка и најдобар резултат. Како во старите времиња на скопката Железара, лани „Макстил“ направи извоз вреден 107 милиони евра и добивка од речиси 14 милиони евра

Профит на „Макстил“ лани е десет пати поголем од добивката што компанијата ја оставари во 2020 година! Ова е финансиски резултат кој за многумина е многу пријатно и големо изненадување. Потсетува на старите добри времиња...

Очигледно дека ковид конјуктурата на светските пазари за челик и други метали предизвика невиден бран на берзите од кој направија солидни заработки сите пазарни учесници.

Најголема во поновата историја е ланската добивка на „Макстил“ која изнесува 13,8 милиони евра. Таа е резултат на приходите од продажба кои лани надминаа 115 милиони евра и се за 79 отсто повисоки во споредба со продажбата реализирана во 2020 година.Дури и во споредба со 2019 пред-ковид годината лани приходите на „Макстил“ беа поголеми за 36 отсто.

Во структурата на продажбата лани извозот учествува со 107,2 милиони евра, а учеството на домашниот пазар е 13,7 милиони евра.

На крајот на ланската година „Макстил“ имал залиха вредна 19,2 милиони евра.

Лани скопската челичарница има оперативнит расходи кои изнесуваат 108,8 милиони евра што е за 90 отсто повеќе од претходната споредбена година. При тоа убедливо доминантна ставка се трошоците за суровини кои изнесуваат 80,7 милиони евра и се 2,5 пати повисоки од 2020 година.

Обемот на работа значајно влијае и врз финансиските приходи и расходи на компанијата. Од нив „Макстил“ направил паритетна разлика од 1,15 милиони евра, а од тој сооднос во 2020 година бил во минус 373.000 евра.

Нето добивката на компанијата на крај на 2021 година е 13,7 милиони ева и тоа е за повеќе од 10 пати подобар резултат во однос на 2020 година.

Лани обврските на компанијата пораснале за 9 отсто и на крај на 2021 година изнесувале 85 милиони евра. Акумулираната загуба на крај на минатата година изнесува 37 милиони евра.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести