Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ЌЕ СЕ НОСИ БУЏЕТОТ ЗА 2022: Треба да стартува собраниската расправа, а дали ќе почне?

КАКО ЌЕ СЕ НОСИ БУЏЕТОТ ЗА 2022: Треба да стартува собраниската расправа, а дали ќе почне?

Дали битката за парламентарното мнозинство ќе го заглави буџетот , чија расправа е закажана на матична комисија за денеска?

Предлог буџетот за 2022 е единствена точка на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Сепак, повеќе прашања се поставуваат и не се знае дали расправата воопшто и ќе почне , бидејќи на патот на носењето на буџетот постојат повеќе пречки.

Првиот проблем е што распоредот на силите во Собранието сега е 60 спрема 60, односно никој го нема мнозинството, што ќе значи дека ќе биде многу тешко да се обезбеди и кворум за работа, и мнозински гласови од пратениците.

Кој и да треба в година да управува со собирањето и трошењето на народните пари, факт е дека пред себе ќе има прилично амбициозна агенда. Да обезбеди приходи од 3,88 милијарди евра, а со оглед што се планира да се потрошат дури 4,43 милијарди евра, тоа да се направи паметно и рационално, и плус да се обезбедат кредити за покривање на буџетскиот минус, но и за враќање на стари заеми, за што всушност се планирани неколку вида на обврзници.

Сите детали за буџетото за 2022 читајте ги тука.

Слично

Поврзани вести