Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaко ќе се намалат долговите на најсиромашните земји?

Kaко ќе се намалат долговите на најсиромашните земји?

Светската банка бара Г20 да им ги намали долговите на сиромашните земји. 

Се наведува дека пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии.

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, ги повика земјите од Г20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји за да се минимизираат економските влијанија на пандемијата. 

Тој ја предложи таа иницијатива за време на видеоконференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки, која се одржа минатата недела.

Потенцира дека времето истекува, дека мора да се реагира и да бидат транспарентни. 

Голем дел од светот ќе биде втурнат во сиромаштија поради пандемијата. 

Слично

Поврзани вести