Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе се финансираат спортистите? Даночната реформа ги проголта ваучерите за спорт!

Како ќе се финансираат спортистите? Даночната реформа ги проголта ваучерите за спорт!

Ќе останат ли на цедило стотици спортски клубови во Македонија? Со укинување на ваучерскиот систем оставени се без најважниот извор на финансирање повеќе од деведесет спортски (читај машки и женски) фудбалски клубови ширум земјава кои досега, како така, се ко-финансираа или финансираа со ваучерскиот систем кој овозможуваше да добиваат пари од фирми кои дел од своите даноци на добивка преку ваучерите ги компензираа во донации на спортски клубови. Лани речиси стотина фудбалски клубови поделија околу 2,5 милиони евра. А каде се другите спортови кои потешко се финансираат од најпопуларната споредна работа на светот... Нема официјални одговори од Министерството за финансии ниту од Агенцијата за млади и спорт која до лани активно учествуваше во процесот на генерирање ваучери

Идат ли потешки денови за македонскиот спорт? Министерството за финансии не предложи да се продолжи рокот на важење на ваучерскиот систем кој овозможуваше дел од данокот на добивка фирмите да го пласираат во донации за спортски клубови.

Никој ништо не кажува, никој не се буни ниту критикува! Штама и неверување кај бројните спортски работници во земјава. Игнор и од надлежните државни институции кои во своите ПР агенди редовно се самопромовираат како примери за транспарентност и отчетност. Но реалноста е многу поинаква. Редакцијата на www.faktor.mk завчера побара одговори од Министерството за финансии и од државната Агенција за млади и спорт за тоа што ќе се случи и има ли замена на системот на ваучери. За жал и по два дена ниту една од двете системски важни институции не не удостоија со одговори.

Мнозина спортски работници резигнирано коментираат дека сега, затоа што немаат информации за замена за ваучерите, се оставени на милостина од и така скромните буџети на општините кои од друга страна сега се јако погодени од енергетската криза и огнените фактури за струја на општинските јавни претпријатија.

Нема ниту објаснување од надлежните државни институции зошто се укинува систем со ваучерите кој, иако не е идеален, сепак е функционален и нуди какво-такво планирање и перспектива на домашните спортисти.

За жал единствен јавен и официјален став иако не до крај јасен и дециден е тој што на 4 декември го објави министерот за финансии Фатмир Бесими и кој го пренесуваме во целост, а е дел од неговата колумна :
- Кај донациите кај спортот системот за ослободување ќе се направи промена во ваучерскиот систем, ќе се реализираат преку програма на Влада, преку директно финансиска поддршка од буџетот, вели Бесими.

Што значи програма на Владата наместо ваучери и зошто се прави уште една централизација на надлежности и ингеренции токму во Владата објаснување нема... Едноставно никој не чувствува потреба да ја информира јавноста и да објасни зошто ги укинува ваучерите. Дали имало злоупотреби со нив? Ако имало имал ли пријави, има ли истражни постапки, дали има дела и процеси или по некоја пресуда? И што ако нема. И, најважното, по кои критериуми повторно Владата ќе прави програма и ќе распределува и во колкави суми ќе бидат тие јавни даночни пари ....

За тоа колку биле значајни ваучерите и колкави потреби на средства покривале за најскапиот колективен спорт – фудбалот повеќе на следниот линк на кој е објавена ранг листата достапна на следниот линк https://ffm.mk/media/files/lista-na-dodeleni-vaucheri-za-fudbalski-klubovi-za-2022-godina-od-%D0%90ms.pdf

Р.Ф.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести