Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе расте кредитирањето на ТТК Банка

Како ќе расте кредитирањето на ТТК Банка

ТТК Банка ги објави проекциите за деловното работење во наредните три години до 2020, при што направени се планови и за растот на кредитирањето на банката, како кон физичките лица, така и кон компаниите. 

Во делот на кредитирањето банката од годинава до 2020 година планира раст на бруто кредитите за износ од 1 милијарда денари до ниво од 5,83 милијарди денари. 

За оваа година е планирано ниво на бруто кредитирање од 4,81 милијарди денари што е за 350 милиони денари повеќе од лани. Идната година нивото треба да дојде до 5,269 милијарди денари, а во 2020 година да достигне ниво од 5,83 милијарди денари. 

Во планот на банката се гледа дека фокусот ќе го стават на кредитирањето на домаќинствата. Планот е до крај на 2020 година тие да достигнат 3,52 милијарди денари. За годинава е планирано да дојдат до 2,59 милијарди денари што е за 329 милиони денари повеќе од лани. 

Планиран е и раст на вредноста на резервациите низ трите години со тоа што е проектирано во 2020 година да дистигне ниво од 227 милиони денари. Тоа е за 107 милиони денари повеќе од резервациите остварени лани.

Слично

Поврзани вести