Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе се развиваат економиите во светот до 2024 година?

Како ќе се развиваат економиите во светот до 2024 година?

Индија ќе има највисокa стапка на раст, според истражувањето на Харвард Универзитетот.

Експертите предвидуваат дека Индија може да биде најбрзо растечката економија во следната деценија.  Се прогнозира годишна стапка на раст од 6,98% за Индија до 2024 година. Таа напредува во производството и извозот на фармацевтски производи, возила и електроника.

Земјите со најголем потенцијал за раст се наоѓаат во Јужна Азија и Источна Африка.

Постојат неколку земји во Источна Африка, кои според прогнозите ќе имаат раст од најмалку 5,5%. Во топ 10 за економски раст се Уганда, Танзанија, Кенија, Малави и Мадагаскар. Покрај тоа, постојат земји во Блискиот Исток и Јужна Америка, кои исто така ќе постигнат добри резултати. Јордан и Израел ќе имаат годишна стапка на раст од над 4%, како и Хондурас и Мексико.

Во исто време се очекува економскиот раст во развиените економии да забави. Во САД тој ќе е 2,58%, а во Велика Британија - малку над 3,22%. Германија, една од водечките економии во Европа, ќе  постигне стапка од само 0,35%.

Економиите базирани на производство на суровини, ќе се соочат со забавување на растот, бидејќи цените на суровините ќе останат под притисок.

Слично

Поврзани вести