Како ќе се применува ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА од јануари 2015?
Фактор и Нова консалтинг и едукација редовно, на неделна основа Ви ги нудат на увид сите законски измени што го тангираат работењето на компаниите. Со оглед на честите промени на законите ќе се обидеме најпрактично да им претставиме на компаниите и нивните одговорни лица какви тековни промени се потребни во работењето, од аспект на сметководство, даноци, консалтинг, ревизија. Денеска пишуваме за законот за финансиска дисциплина.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/02/faktor-i-nova-konsalting-prijateli-na-vashiot-biznis/" ]Фактор и Нова Консалтинг: Пријатели на Вашиот бизнис![/button]
Од 01.01.2015 година УЈП во приватниот сектор и Финансиска инспекција во јавниот сектор стартуваат со контрола на деловните трансакции меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор.
Утврдени максимални законски рокови за исполнување на парични обврски: 60 дена, односно 120 дена кога постои согласност на договорните страни и 30 дена кога во фактурите и договорите не е наведен рок за плаќање, или е ништовен.
Рокот започнува да тече првиот нареден ден од денот на прием на фактурата, но само ако приемот се случил по извршувањето на обврската од страна на доверителот. Ако од било која причина не може да се утврди точен датум на приемот на фактурата (или ако должникот приговори дека не ја примил фактурата) или ако доверителот ја испратил фактурата пред да ја изврши својата обврска кон должникот, тогаш почетокот на рокот се врзува за наредниот ден по денот на извршување на доверителовата обврска.
Законот за финансиска дисциплина се однесува на зделките меѓу:
- Економските оператори од приватниот сектор (трговски друштва, трговци поединци, физички и правни лица кои вршат профитна дејност) и
- Субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор.
Слично
