Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе се движат каматните стапки?

Како ќе се движат каматните стапки?
Доколку Фед ги зголеми американските каматни стапки идниот месец, тоа ќе биде за прв пат во речиси 10 години. Лазе Камчев од КД Фондови смета дека притисокот на „глобалната асиметрија“ претставува закана за позитивната економска иднина. „Тоа навестува зголемување на каматните стапки во блиска иднина“ , смета Камчев, во интервју дадено за нашиот портал. „Помина речиси една деценија (од крајот на јуни 2006 година), откако Американската Централна Банка (ФЕД) последен пат ја зголеми референтната каматна стапка. Кон крајот на 2008 година, финансиската криза доживеа кулминација. Како одговор на оваа криза, ФЕД-от ги намали каматните стапки помеѓу 0 и 0,25 проценти.  Таа исто така започна и со купување на обврзници на секундарниот пазар, со цел да се постигне намалување на долгорочните каматни стапки. Позитивните макроекономски податоци влеваа надеж дека референтната каматна стапка на ФЕД ќе биде повисока, но тоа не се случи. Гувернерката на ФЕД, Џенет Јелен, изминатово лето сеуште наоѓаше причини за да ја аргументира својата пасивност. Но, притисокот на “глобалната асиметрија”, претставува закана за позитивната економска динамика и тоа наговестува зголемување на каматните стапки во блиска иднина“ изјави Камчев во интервјуто за Фактор. ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ: Каматните стапки ќе растат во блиска иднина! Инаку влијанието на одлуката на ФЕД веќе се чувствува на светските берзи откако вчера цената на златото падна блиску до најниското ниво во речиси шест години и е во надолна патека веќе четврта недела по ред. Доколку Фед ги зголеми американските каматни стапки идниот месец, тоа ќе биде за прв пат во речиси 10 години.  
Слично

Поврзани вести