Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе реагираат акционерите на „Комерцијална банка“? Каде е прагот на толеранција?

Како ќе реагираат акционерите на „Комерцијална банка“? Каде е прагот на толеранција?
Прашањето е дали акционерите се комотни кога гледаат за колку пораснале резервациите за кредити особено ако во знајачна мерка тоа е само заради неможноста да плаќа еден голем клиент... „Комерцијална банка“ компанија со голем „фри флоут“ и силен интерес кај многу домашни физички лица – мали акционери. Најголемата банка во доминантна сопственост на домашни акционери објави најлош квартален резултат – загуба од 8,5 милиони евра. Ова беше најлош резултат во низа од четири години за кое е заедничко дека во прв квартал оваа банка објавува загуба од работење. Менаџментот се огласи со објаснување, што секако е нивна морална и законска обврска да го дадат, дека оваа загуба во знајачна мерка е резултат на средства кои банката ги издвоила за резервација и тоа заради тоа што само еден голем клиент има проблеми со отплатата на својот долг кон банката. Резервациите на банката во првиот квартал годинава се 829,7 милиони денари и се за речиси 500 милиони денари повисоки од истите во првиот квартал лани кога биле 335,7 милиони денари. Значи резервациите во однос на лани се дури и повеќе од двојно повисоки! Големите и мали акционери на „Комерцијална банка“ имаат право да знаат дали деловните процеси за навремена анитиципација на ризиците кај клиентите – корисници на заеми се на посакувано ниво? И на кратко за остварените трговски реализации оваа седмица со четири трговски дена. „Комерцијална банка“ очекувано по објавата на резултатот допре ново ценовно дно – 1.700 денари за акција. И официјално таа акција ја постигна најниската цена во период од една година. Вкупниот промет со таа акција изнесува 20,6 милиони денари за четири дена. Но, мора да се истакне дека во еден ден беа истргувани над 90 отсто од сите акции тргувани во таа седмица. За еден ден, во средата пред објавата на кварталниот финансиски извештај, беа истргувани 10.540 акции по просечна цена од 1.750 денари за акција. Ова беше најголема истргувана количина во период од 5 месеци по 10 декември лани кога биле истргувани 11.015 акции по цена од 2.089 денари.
Слично

Поврзани вести