Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе изгледа светската економија во 2015?

Како ќе изгледа светската економија во 2015?
Според најновите прогнози на Меѓународниот Монетарен Фонд (MMF) , 2015 година ќе биде многу неизвесна. Моменталната слика за глобалната економија покажува дека Јужна Америка се наоѓа во хаотична состојба, на чело со Аргентина и Веницуела. Економијата на Русија и Западна Европа сеуште се во криза, додека за разлика од нив, економијата на Северна Америка е прилично солидна.  Најголем економски раст во 2015 година се очекува во Јужна и Источна Азија, како и во поголем дел од Африка, при што појдовните точки во однос на кои се проценуваат потенцијалите за раст се многу ниски. Светските пазари вријат! Не ја пропуштајте оваа прилика! Земете 50€ за тргување на светскиот пазар и тргувајте со цената на валутите, златото, нафтата и акциите на најголемите светски компании, 24 часа дневно од дома … Според досега прикажаното, подобрувањето на глобалната економија од 2008 година, трае подолго од очекуваното.  Пред три години, MMF предвиде дека светската економија треба да се подобри до 2015 година и да достигне раст од  4.8%. САД се едни од ретките кои досега ги исполнија очекувањата.  Најголемо разочарување според  MMF се Бразил, Русија, Индија, како и делови од Блискиот Исток, Европа и Јапонија, што доведе до тоа да прогнозите за растот на глобалната економија бидат намалени на 3,2%.  За наредната година MMF прогнозираше раст од 3.1% за САД, само 1.3% за Еврозоната и 0.8% за Јапонија. Проектираниот раст  од 7,1% за економијата во Кина, иако е висок во однос на останатите земји, сепак е најнискиот раст за оваа земја во последните 15 години. Како што наведува М-р Никола Димков од  FXLider, во 2015 година и Европската Централна Банка би можела да воведе програма за купување на обврзници и покрај јасното спротиставување на Германија.  Инсистирањето на Германија за мерките за штедење им го отежнува на презадолжените европски земји економското подобрување, бидејќи е многу тешко, со стапка на невработеност од  15%, со мерките за штедење да се избалансира буџетот. ’Кога е во прашање растот на економијата во САД, најважно е прашањето дали во текот на 2015 година Федералните Резерви ќе одлучат да ги зголемат рекордно ниските референтни каматни стапки кои се на сила од 2008 година. Зголемувањето можно е да покаже влијание врз економскиот раст, инфлацијата и валутните курсеви ширум светот. Повисоките каматни стапки во САД би требало да ги зголемат инвестициите во земјата и на тој начин да влјаат врз растот на доларот во однос на другите валути. Што се однесува до Јапонија, наглиот пораст на данокот на потрошувачка во текот на пролетта, претставува  удар за домашната економија.  Следното зголемување е планирано за 2015 година, но веројатно премиерот  Shinzo Abe ќе го одложи неговото усвојување доколку економијата и понатаму остане слаба. Кина се соочува со своите проблеми. Големите вложувања во фабрики и опрема доведе до прекумерни производствени капацитети, што влијае на падот на цената и профитабилноста.  Кина е голем увозник на сировина така да успорувањето на производството би можело негативно да влијае на земјите богати со ресурси во Азија, Латинска Америка и Африка. Со одбивањето на земјите членки на OPEC да го намалат производството, цената на сировата нафта веројатно ќе остане ниска и во текот на наредната година. Според проценките на аналитичарите, очекуван опсег на цената ќе биде 70-80 долари по барел, што доколку навистина се случи може позитивно да се одрази на подобрувањето на глобалната економија.’ Кажува М-р Никола Димков од FXLider. Светските пазари вријат! Не ја пропуштајте оваа прилика! Земете 50€ за тргување на светскиот пазар и тргувајте со цената на валутите, златото, нафтата и акциите на најголемите светски компании, 24 часа дневно од дома …  FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970. Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото  Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив.  Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување. спонзориран линк
Слично

Поврзани вести