Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе изгледа интервјуто за работа, ако на прашањата сме брутално искрени

Како ќе изгледа интервјуто за работа, ако на прашањата сме брутално искрени

Интервјуата за работа скоро сите се слични едни на други. Исти прашања, исти одговори.

Но, како би изгледало интервју за работа, ако на прашања одговарате искрено и она што прво ќе ви падне на памет.Еве вака на пример:

1. Зошто аплицирате за ова работно место?

Искрен одговор: Оти немам работа, а ми требаат пари.

Клише одговор: Затоа што сметам дека оваа работа е идеална за мене и дека брзо ќе се вклопам...итн"

2. Набројте ги вашите маани и доблести

Искрен одговор: Мрза сум наутро, пушам и пијам често, не сум амбициозен работам она што ќе ми се каже.

Клише одговор: Паа...што се однесува до маните многу луѓе ми велат дека сум тврдоглав ( карактеристика што минува и кај доблестите), а од доблести сум посветен, колегијален, упорен, педантен, духовит, комуникативен итн итн.

3. Колкава работа очекувате? 

Искрен одговор: Плата со која ќе можам да си купам автомобил, телефон и стан (не сакам да живеам веќе под кирија), да имам добар џепарац за ноќни излегувања итн итн...

Клише одговор: Платата не ми е важна. Тука сум поради љубовта кон работата и искуството што ќе го стекнам.

4. Каде се гледате за 5 години?

Искрен одговор: За 5 години се гледам како и понатаму барат работа по сајтови и одговарам на вакви прашања.

Клише одговор: Па за пет години се гледам себе си како напредувам на личен и професионален план. Сакам да запишам и дополнителни студии, а можеби и уште еден јазик...итн

5. Имате ли прашања?

Искрен одговор: Колкава е платата? Колку е работното време? Има ли воошто шанси да ја добијам работата или веќе сте ја вработиле ќерка му на шефот?

Клише одговор: Немам прашава. Ви благодарам што ме повикавте.

Слично

Поврзани вести