Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како изгледа Европа во очите на мигрантите!?

Како изгледа Европа во очите на мигрантите!?
Европа го одбележа Светскиот ден на бегалците целосно неподготвена да се справи со бегалската криза. Истовремено Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) повикува на благосостојбата на мигрантите. "Земјите членки во Европската унија (ЕУ) треба да продолжат да работат за да ги обезбедат човековите права на сите лица, вклучувајќи ги и бегалци и другите мигранти, како и да се најдат начини за спречување на дискриминацијата на овие ранливи групи", вели ОБСЕ. Во вторникот министрите за внатрешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат за предлогот на Европската комисија (ЕК) за прераспределување на 40 илјади сиријци и еритрејци во Европа и за преселување на 20 илјади Сиријци кои живеат во кампови надвор од унијата. Истовремено според еврокомесарот за прашања за миграцијата Димитрис Аврамопулос предлогот за бегалските квоти дава причина за ревидирање на европските договори кои ги обврзуваат мигрантите да аплицираат за азил во првата држава членка на ЕУ, во која влегуваат. Комесарот, цитиран од грчкото онлајн издание ekathimerini.com, наведува дека договорот, кој предвидува враќање на лица, баратели на азил, во земјата на влез, може да подлежи на ревизија. "Очигледно е дека ќе има реакции и несогласувањата, и во моментов ги има. Сепак, треба да се направи првиот чекор ", коментира Аврамопулос. Што се однесува до финансиската помош за земјите на југоисточното крило на ЕУ, кои го пречекуваат бранот бегалци, Аврамопулос посочи дека земјите-членки треба да ги исполнуваат условите за финансирање. "Европа не е банка. Државите треба да ги преземат своите одговорности пред да добијат помош", коментира тој. Според британскиот весник Guardian и покрај апсењата на шверцери и спасувачки засолништа за нивните "клиенти" Европа всушност нема поим што друго да направи. Оваа недела Обединетите нации (ОН) објавија преголем број податоци за миграцијата во светот. Во 2014 година, 55 милиони луѓе во светот беа протерани од нивните домови со сила. Од нив 40 илјади лица стигнаа до Италија во Либија и Медитеранот, а 30 илјади до Грција. Според проценките околу 500 илјади лица во Либија чекаат за да го преминат морето. Според други претпоставки нивниот број е дури двојно поголем. Имиграцијата во моментов ја става Европа пред предизвик од рангот на погромите од крајот на XIX век и дури Втората светска војна. Некои од мигрантите го преземаат своето патување кон Европа поради интервенцијата на Западот во нивните земји - на пример во Авганистан, Ирак и Сомалија. Други се жртви на исламистичките групи, кои се шират во Азија и Африка. За Европа, меѓутоа, нема значење, дека голем дел од овие луѓе едноставно бараат подобар живот, туку фактот дека се упатиле натаму, иако голем дел се надеваат еден ден да можат да се вратат дома. Според проценките на ОН економските мигранти за 2013 година се 232 милиони. Најголемото движење е сеуште кон САД, но од 2000 година Германија, Русија, Велика Британија и Франција прифатиле исто така големи групи од нив. Овие броеви лесно би довеле до паника и до прашањето дали ова е апокалиптична катаклизма, повторување на праисториското движење на луѓе од Африка кон Европа. Постои и прашањето дали е можно овој проток да е непрестаен и каква иднина ја очекува Европа, чиј наталитет силно се намалува и чии економии зависат од работната сила на имигрантите. Ако глобалната економска миграција е толку колосална, дополнителниот миграциски бран кон Европа едвај би била од таква важност. Велика Британија на пример во периодот 1968-1973 година донесе 100 илјади луѓе кои ги насели мирно и тие донесоа значајни предности за економијата. Откако земјата прифатила 8 милиони странци во текот на изминатите 15 години, нема да има проблем да засолни уште неколку илјади претприемнички бегалци. Евроскептиците никогаш не би помислиле дека проектот ЕУ ќе може да помине преку одредувањето на цените на земјоделските производи или заштитата на колониите лилјаци. Ватерлото на ЕУ ќе биде влијанието од перцепцијата на националниот идентитет на новодојденците, која се одвива од отворените граници. Имиграцијата очигледно е најтешката политичка област. Очигледно бегалскиот проблем треба да биде решен со "надминување на кршењето на човековите права на изворот". Ние сепак не ги контролираме овие извори. Ако ги бомбардираат чамците на шверцерите, за очајните бегалци тоа значи дека бомбардираат амбулантни возила. Америка и Австралија следат уште сурови политики и ги казнуваат мигрантите со лишување од слобода. А што се однесува до оние кои веќе се пристигнати, во моментов се во потрага по европско решение и се инсистира Шведска, балтичките земји и Унгарија да презет свој фер удел. Велика Британија сепак нема да го прифати својот фер удел. Така реалноста покажува дека демократијата преферира да ја прифати својата етика. Националната држава всушност станува толку одржлива, а националниот идентитет се фиксира во историјата и географијата. Соочени со она што тие го гледаат како неограничени орди од далечни земји, локалните власти се имуни на бранителите на филантропско гостопримство и слободното движење на работна сила. Перспективата изгледа е дека Европа ќе се врати на времињата на затворените граници и уште по видливи внатрешни граници. Обработка: К.К. Извор: Time
Слично

Поврзани вести