Како изгледа да се живее во рајските дестинации?
Градовите кои привлекуваат туристи можеби имаат богат ноќен живот, но патниците можат да направат локалното население да се чуствува издвоено од својата заедница, пишува „Yahoo“.
Истражувањето кое го спроведе фирмата „Queensland researchers“ покажа дека животот на рајските дестинации има свои бајковити, но и не така бајковити моменти.
„Кога луѓето говорат за туризам, обично ја споменуваат неговата економска корист, но нашето истражување беше фокусирано на социјалната компонента на благосостојба“, вели Елена Коновалов, авторка на студијата од Џејмс Кук универзитетот.
Елена и нејзините колеги откриле дека жителите на развиените туристички места се горди што луѓето поминуваат огромни далечини, за да ги посетат. Исто така, тие поради тоа имале повеќе прилика за работа, а во местата во кои живеат отворени се и многу кафе барови и ресторани.
Меѓутоа, оние кои живеат во градовите кои ги посетуваат многу туристи се чуствуваат и отуѓено од сопствената заедница.
Истражувањето не барало конкретен одговор на прашањето зошто тоа се случува, но Елена Коновалова вели дека можеби една од причините е тоа што туристичките места имаат воглавно транзитна популација.
Коновалова истакнува дека тоа го отежнува реализирањето на проектот на заедницата и нејзиниот напредок со оглед на тоа дека луѓето заминуваат понатаму после неколку месеци или година.
И.Р
