КАКО ИМ УСПЕА: Земјата која се издигна од пепелот
Такво опоравување на економијата му се препишува на значајниот раст на туризмот, кој од почетокот на оваа деценија бележи стабилен раст на приходите од извозот на риба и алуминиум.
Бројот на туристи во Исланд оваа година би можел да го надмине минатогодишниот рекорд од 1,3 милиони посетители, според официјалните јунски податоци на исландската статистичка служба.
Странците „нагрлија“ на Исланд дел поради популарноста на епската ТВ драма „Игра на престолот“ бидејќи некои од епизодите на таа серија се снимани во таа земја, поради што во понудата на локалните туристички агенции се нудат тури за посетување на тие локации.
Податоците за потрошувачката потврдуваат дека екомијата на Исланд е во замаец, бидејќи во досегашниот тек на годината туристите потрошиле 26 милијарди круни (212 милиони долари) по основа на кредитни и дебитни картички.
Исланд кој пред осум години беше најтешко погоден од финансиската криза, оствари неверојатен пресврт, со неочекуван раст на БДП од 4,2% во првите три месеци.
„Туризмот исто така, би можел да профитира од неочекуваниот успех на исландската фусбалска екипа“, изјавил Марино Мелстед од статистичката канцеларија на Исланд .
Исланѓаните купиле 27.000 карти за неодамна одржаното Европско фудбалско првенство, што значи дека девет отсто од популацијата престојувале во Франција во знак на поддршка на националниот тим.
Исланд, после банкарската криза од 2008 година, ги прекина преговорите со ЕУ за членство, национализираше три водечки банки и банкротираше врз основа на кредити во износ од 85 милијарди долари. Владата тогаш воведе забрана на движење на капитал во странство и ја девалвираше националната валута, откако пазарот на недвижнини паднал за 90 одсто, стапката на невработеност скокнала на десет одсто а инфлацијата на 18 одсто.
Во тоа време, Рејкјавик од ММФ доби финансиска помош во износ од 2,1 милијарди долари, како и заем од 2,5 милијарди долари од други нордиски земји.
Исландската влада потоа преземала силни акции кои значајно ја подобриле ситуацијата на националната економија благодарение на што го вратила БДП на ниво од пред кризата.
