Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaко Харадинај влезе во Македонија иако го бара Интерпол?

Kaко Харадинај влезе во Македонија иако го бара Интерпол?

Со отстранувањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај од листата на лица по кои трага Интерпол, македонските власти ја овозможиле неговата денешна посета на Скопје, јави агенцијата Танјуг.

Косовскиот премиер денеска треба да учествува на Дигиталнуиот самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје, а треба да оствари средби и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Тој на потерница на Интерпол се наоѓа по барање на Србија за воени злосторства направени врз цивили за време на војната.

Минатата недела министерот за полиција на Србија Небојша Стефановиќ рече дека сите потерници на српските судови се вратиени во Интерпол, вклучително и онаа за Хашим Тачи и за Рамуш Харадинај, но дека тие „нема да бидат видливи во следниот период“.

Слично

Поврзани вести