Како Грција се закани на Албанија за Чамите?
Атина ја предупреди Тирана да покаже „поголема внимателност“ во врска со прашањето за Чамите.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас вели дека Грција е многупати посилна од Албанија, споменувајќи го при тоа и системот за одбрана. Според него, Грција ја надминува Албанија во секој поглед.
„Има десетпати повисок БДП, повеќе системи за одбрана и бебзедност и економски повеќепати посилна. Тие се зависни, кога станува збор за економијата од депозитите на емигрантите, инвестициите и надворешната трговија. Исто така, имаме асиметрична застапеност на меѓународната арена. Затоа е најдобро да соработуваат, да бидеме реални и да помогнат да создадеме взаемно корисни односи. Да ги решаваме отворените прашања врз основа на меѓународното право и европската традиција“ - изјавил Коѕиас, според тиранската телевизија Топ чанел.
Тврди дека Чамите, Албанци кои по Втората светска војна се протерани од Грција, вршеле воени криминални дела за што и биле „еднаш и тоа добро осудени од грчките судови“.
-„Прашањето за Чамите“ се однесува на овој дел од Чамите, а не 160.000 или повеќе нивни потомци, кои ниту имале, ниту имаат каква било врска со Грција и криминалот од тој период. Втората грешка е што по 2008 година, поради кризата некој ја потцени Грција и смета дека може да си поигрува со неа“ - вели Коѕиас.
Тој уште наведе дека во Албанија „постојат гласови“ кои посакуваат добри односи меѓу двете земји, додавајќи дека тие треба да ги решат проблемите без присуство на трета страна. Бара да ги решат проблемите со земјите кои се стремат да се приклучат кон Европа, пред отпочнување на преговорите со ЕУ.
Грчкото министерство за надворешни работи беше принудено да му одговори официјално на албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој во изјава за локално радио рече дека и двете земји го вклучиле прашањето за „Чамите“ (етнички Албанци кој ја населуваат грчката област Северен Епир) во неофицијалниот документ „нон-пејпр“. Вели дека тој им бил предаден на европскиот комесар за приширување, Јуханес Хан и на високиот преетставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
