Како Грција се справува со пожарите?
Пожарникарите во Грција вчера се обидоа да ги потиснат неколкуте пожари кои се во различни делови на земјата, пишува грчкиот весник Катимерини.
Иако силните ветрови ги попречуваа нивните напори, поголемиот дел од пожарите се се ставени под контрола во текот на ноќта. Во западниот дел на Грција, избувнаа два шумски пожари, а друг на островот Саламина. Пламените достигнаа до населени места, но пожарникарите успеаја да ги ограничат пред да ги уништат станбените згради.
Грчките власти деновиве само за 24 часа регистрираа 36 нови жаришта и објавија тревога за висок ризик од пожари на територијата на државата, пишува порталот „Вима”.
Зафатени беа островите Крф, Закинтос, кај Коринт и на областа Илија на Пелопонес.
Слично
