Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Грција се бори со растот на цените пред Божиќ?!

Како Грција се бори со растот на цените пред Божиќ?!
Властите во Грција имаат големата акција за проверка во продавниците за квалитетот на стоките што се продаваат пред Божиќ . Грците се жалат на шпекулации со цените на овошје, зеленчук и рибни производи во деновите на постот пред Божиќ . Агенцијата за храна и економската полиција врши рации по продавниците во Грција . Прекршителите добиваат високи казни , па дури им се одземат и лиценци за груби прекршувања. Под " стрелба " се продавниците за продажба на месо , јавува БНР . Веќе се затворија неколку продавници на синџир за малопродажба кои не поседувале сертификати за квалитет на месото и имале фалсификувани документи за ветеринарна контрола. Во деновите до Божиќ цените на овошје и зеленчук се многу високи , поради силната побарувачка на пазарот. Грците традиционално ги почитуваат постите и речиси двојно се зголеми побарувачката на зеленчук и риба . Кризата го намали прометот на продавниците и за прв пат оваа година се има попусти и промоции на неатрактивни стоки пред празниците . Нагло паднаа цените на природните елки. Со дозвола на Министерството за развој се отворени сите продавници и во викендите. Училиштата во соработка со црквата собираат средства , лекови и прехранбени производи за социјално загрозени семејства.
Слично

Поврзани вести