Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како „Гранит“ ја „изменаџира“ дивидендата од „Комерцијална банка“?

Како „Гранит“ ја „изменаџира“ дивидендата од „Комерцијална банка“?

Најголемата градежна компанија ќе ја краси епитетот дека „изменаџира“ и банка. Како? Едноставно, од „Гранитовата“ дивиденда од акциите во „Комерцијална банка“ зема 1,1 милиони евра. Од тие пари ќе подели награди на менаџементот и на раководниот тим и ќе реинвестира. Ама ќе ги задоволи и акционерите .... Од „чекмеџето“ во кое има нераспределена добивка до 2008 година чува 750.000 евра подели дивиденда на своите акционери... Во тешко време вложувањата во акции се џокер во ракав!!!

Најголемата македонска градежна компанија и годинава ќе ги зарадува своите акционери со поделба на дивиденда. Управниот обор на друштвото предложи на акционерското собрание на 21 мај годинава да одобри исплата на 751.000 евра за дивиденда што ќе поделат повеќе од 4.600 физички лица и уште над 70 фирми акционери од земјава и од странство.

Предложената бруто вредност на дивиденда изнесува 16,67 денари за акција, а нето вредноста по одбиток на персоналниот данок (за домашни физички лица) изнесува 15 денари за акција. Управниот одбор му предлага на „Гранит“ да исплати дивиденда од добивката од претходни години. Добивката од лани друштвото ќе ја намени за реинвестирање и за награди на менаџерскиот тим и на раководниот кадар на друштвото.

Според последната пазарна цена на денот на објавата на предлогот за дивиденда имателите на акции обезбедуваат принос од 1,3 отсто. Приносот е конкурентен на банкарска камата на орочен штеден влог.

“Гранит“ е компанија која има континуирана дивидендна историја што е, веројатно, и една од причините заради кои има голем институционален инвеститор во својата сопственичка структура (кој поседува 7,7 отсто од акциите со право на глас н.з.). Како и да, годинава беше многу попосна во однос на претходните години во кои бруто износот на дивиденда беше најмалку 30 денари за акција.

Повеќе за ланските финансиски извештаи на „Гранит“ може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/kako-komercijalna-banka-go-shlepa-granit

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести