Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Глигорие Гоговски повторно држи лекција на менаџерите и големите акционери?

Како Глигорие Гоговски повторно држи лекција на менаџерите и големите акционери?

„Тетекс“ станува „фикс“ акција од аспект на дивиденда. Најголемиот поединечен акционер во таа компанија  Глигорие Гоговски покажува на дело како се гради корисна корпоративна практика и однос кон малите акционери

Најпознатиот македонски текстилен комбинат „Тодор Ципровски – Мерџан“ или популарно познат како „Тетекс“ повторно дели дивиденда на своите акционери. Нето износот, според предлог-одлуката, ќе биде 2 евра односно 127 денари , пишува во предлогот за претстојното акционерско собрание закажано за 4 април годинава.  
Да потсетиме „Тетекс“ на 31 декември на своите акционери им исплати дивиденда од 600.000 евра односно 80 денари по акција. Доколку помине предлог одлуката, а многу е веројатно дека ќе биде така, секоја акционер во „Тетекс“ кој имал акции во декември, а ги чува до 16 април на вложените пари во секоја акција ќе има нето принос од 207 денари.  Значи за четири месеци нето принос од околу 10 отсто на вложеното.

„Тетекс“ ќе подели вкупно 950.770 евра дивиденда со одлука што треба да ја донесе во април на претстојното акционерско собрание. Од тие пари од добивката за 2018 година ќе бидат распределени 140.670 евра, а нераспределени ќе останат 390.000 евра. Преостанатите 810.100 евра кои ќе бидат поделени за дивиденда ќе бидат нераспределени добивки од претходни години.

Од 2015 година до сега „Тетекс“ на секоја акција додели по околу 600 денари дивиденда во бруто износ.

Најголем акционер на „Тетекс“ е Глигорие Гоговски долгогодишен прв човек на таа компанија кој долги години успешно го водеше „Тетекс“. Воедно Глигорие Гоговски е и искусен политичар и последен премиер на владата на Социјалистичка Република Македонија. Гоговски во „Тетекс“ поседува 12,76 отсто од акциите односно околу 52.850 акции со право на глас и право на дивиденда.

„Тетекс“ има вкупно 1.192 акционери кои се домашни физички лица. Тие поседуваат 95 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. Тоа значи дека повеќе од 900.000 евра (бруто дивиденда) ќе останат кај домашни акционери.  


Р. Ф.

Слично

Поврзани вести