Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како германската економија ќе ја заврши 2017 година?

Како германската економија ќе ја заврши 2017 година?

Германската економија е на добар пат, а најновите податоци укажуваат на економски раст во четвртиот квартал од 0,7%, што ќе го зголеми бруто-домашниот производ за 2,3% во 2017 година.

Индексот на институт „Ифо“ се пресметува врз основа на анкета која вклучува 7.000 компании од областа на производство, градежништво, трговија на големо и мало.

Индексот на бизнис-климата, пресметан од германскиот економски институт „Ифо“, во ноември се зголеми на нов рекордно ниво од 117,5 поени од 116,8 поени во октомври, се наведува во соопштението од „Ифо“.

Деловната доверба во германската економија се искачи на ново рекордно ниво затоа што оптимизмот во врска со иднината на бизнисот во Германија ја неутрализираше донекаде песимистичката проценка на моменталната економска ситуација. 

Слично

Поврзани вести