Како Фиќото ќе ја поправи српската економија
Изјавата на Младен Џинџиќ дека во светот расте побарувачката за новиот модел на Фиат кој се произведува во Крагуевац, израдува цела српска јавност. Граѓаните беа воодушевени од изјавата на министерот дека Србија оваа година ќе има две милијарди евра приход од продажбата на новото„ Фиќо“. Секој петти динар од извозот на Србија ќе потекнува од оваа фабрика, додал Џинџиќ. Ова министерот за финасии и економија го истакнал според неговите очекувања дека вредноста на извозот во 2013-та, токму поради ивозот на Фиат 500L, ќе достигне околу 11 милијарди евра што е за четвртина повеќе од минатата година кога изнесувал 8,8 милијарди евра, пишува Политика.
Слично
